Трите деца на Никола Давчевски и Марина Антониевска од Велес изгореа во пожар, кога попладнево се запали собата во која живееле.
Kуќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен и најверојатно се работи за дивоградба. Најверојатно се работи за социјално загрозено семејство кое во импровизираното живеалиште престојува околу 2 години.
Камион и автомобил се судрија претпладнево на патот Прилеп - Скопје после Градско.
На 19.06.2018 година во 09.00 часот во Полициската станица Виница, 36-годишна жена од виничко село пријавила дека на 18.06.2018 година во периодот од 14.00 до 14.30 часот во атар на селото, додека нејзината 16 годишна ќерка ги напасувала овците, непознато лице се обидело да ја силува.
Девет сообраќајни незгоди се случиле изминатото деноноќие во Скопје, од кои, како што соопшти СВР, една со последица тешки и седум со лесни телесни повреди, како и една со причинета материјална штета.
Трагедија се случила вчера во Скопје околу 15.45 часот на ул. „Индира Ганди“
Во 02.45 часот на балкон на првиот кат од куќата на 25-годишниот Ј.Ч. на улицата „Коле Канински“ непознато лице фрлило непозната експлозивна направа која експлодирала.
Б.Т.(44) од Охрид вчера пријавил дека околу 16.00 часот телефонски се слушнал со неговите пријатели Г.А. и Р.Т. од с.Радолишта, струшко, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација.
Секторот за внатрешни работи на Струмица - надворешната канцеларија за криминалистички работи на Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во градот, поднесе кривична пријава против Џ.К (36), А.К (43), Б.Х ( 36) од Скопје и Ш.Х(60) од Тетово.
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против струмичаните И.Ч. (28) и Т.З. (31) и правното лице ДПТУ Портланд-ОПЦ ДООЕЛ Струмица, поради постоење на основано сомневање дека пријавените сториле кривични дела.