Во пожар на куќа на улица „Даре Џамбаз“ б.б кај последните куќи под ридот Вршник во високиот дел на Велес попладнево во пожар на куќе изгореа три малолетни деца на една, две и четири години.

Kуќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен и најверојатно се работи за дивоградба. Најверојатно се работи за социјално загрозено семејство кое во импровизираното живеалиште престојува околу 2 години.

Според информацијата од СВР Велес пожарот бил пријавен после 16 часот. На местото на пожарот веднаш излегле противпожарната единица ,екипа на СВР Велес и лекарска екипа на Брза помош.

- Кога стигнале помошта децата кои биле сами во куќата веќе биле изгорени и за жал немало можност да бидат спасени. Кога избувнал пожарот децата биле сами и заклучени во куќата. Нивните родители ги заклучиле дома и излегле да пазаруваат во продавница, појасни Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Полицијата врши истрага за причината на пожарот и за оваа семејна трагедија која ги потресе граѓаните на Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 20:52