Двe лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случила денеска околу 13 часот на патот Прилеп-Битола во близина на Прилеп. Повредените се префрлени на лекување во прилепската градска болница.
Маж бил претепан вчера од четири лица по вербална расправија во ресторан во Скопје.
Внука ја ограбила куќата на својот дедо на улицата „Јордан Џурнов“ во Велес и одзела акт-ташна со 65.000 евра и разновидна документација.
Во Гостивар вчера попладне, во станбена зграда во изградба, при покревање на цигли со електрична дигалка од приземје до четвртиот кат паднала една цигла што го погодила во главата Д.П. од Република Албанија.
Полицијата соопшти дека на 31 мај во 2:00 часот на ул. „Кузман Јосифовски“ во Ресен, од засега непознати причини, настанал пожар во куќата сопственост на В.Т. Во пожарот куќата целосно изгорела.
Пет лица се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца се полесно повредени во девет сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
На патот Градско – Прилеп во близина на Плетвар околу 18 часот од засега непознати причини патничко возило „пежо“ излетало од патот и се превртило.
Скопјанка се здобила со скршеница на рака, при пад на тротоар откако била нападната и бутната од куче-скитник.
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба заработија финансиска директорка и шефица на отсек за јавни набавки во ЈЗО Општа болница-Охрид.
Полицијата вчера на автопатот Куманово -Табановце, открила комбе со скопски таблици во кое биле пренесувани 43 мигранти, а на возачот по потекло од радовишко му е одреден 30-дневен притвор.