Ресенчанецот В.Т. ноќеска во пожар ја изгубил својата куќа.

Полицијата соопшти дека на 31 мај во 2:00 часот на ул. „Кузман Јосифовски“ во Ресен, од засега непознати причини, настанал пожар во куќата сопственост на В.Т. Во пожарот куќата целосно изгорела.

Во 3:00 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 12:19