СВР Тетово во соработка со СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција при МВР, го документираше и расчисти случајот од 5 април во Мала Речица во кој едно лице го загуби животот, а двајца беа повредени.
МВР соопшти дека на местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и ги нападнал и полициските службеници.
- Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот, соопшти МВР.
Дваесет и двегодишната Џ.Ј. од тетовското село Селце со привремен престој во Тетово, вчера во полиција пријавила дека истиот ден околу 8.30 часот физички била нападната од нејзинотo поранешно момче Ф.Н. (28) од Тетово.
Полицијата вчера привела уште шест лица поврзани со оружениот инцидент во Мала Речица. Дел од нив се приведени, а некои сами и се предале на полицијата.
Министерството за внатрешни работи информира дека на местото на вооружениот инцидент што вчера се случи во Мала Речица, при што е убиено едно лице, биле пронајдени осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.
Непознато лице вчера пукало кон возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.П, кое се движело по булеварот „Октомвриска револуција“ во Скопје.
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.45 часот нa крстосницата од бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелевски“ во населбата Аеродром.
Четири непознати лица изутрината во 4.30 часот во сендвичарница на улицата „Никола Карев“ во Скопје физички ги нападнале Ј.Б. (33) и неговиот другар А.Н.
Машко и женско лице половина час пред полноќ недолично се однесувале во ресторан во центарот на Скопје, информира МВР.