Дваесет и двегодишната Џ.Ј. од тетовското село Селце со привремен престој во Тетово, вчера во полиција пријавила дека истиот ден околу 8.30 часот физички била нападната од нејзинотo поранешно момче Ф.Н. (28) од Тетово.

МВР информира дека во наведеното време тие договориле средба, Џ.Ј. се качила во неговото возило и додека се движеле настанала расправија меѓу нив. Во еден момент од расптравијата, Ф.Н. физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото. Кога пристигнале во село Желино таа успеала да избега, но по кратко време изгубила свест и паднала. Кога се освестила забележала насобрани граѓани, кои случајот го пријавиле во полиција.

СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2018 13:33