Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор во Општина Чашка за две кривични дела - запуштање и малтретирање на дете.
Попладнево околу 15 часот на улицата „Ристоман Попчевски“ во Струмица изгоре столарска работилница. Причинета е значителна материјална штета, а од пожарот нема повредени.
Како што информираат денеска од МВР, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата вчера казни 147 возачи.
По нападот, 61-годишниот, дури имал сила, се вратил назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму поради изнемоштеност, изгубил и најверојатно заради претрпениот шок, не се јавило веднаш за помош, при што поминал цело едно деноноќие.
Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, утрово во 9:08 часот добиле дојава за запалениот шлепер цистерна во близина на бензиската „Дади Компани“ , по што веднаш се упатиле кон местото на настанот со две противпожарни возила и пет пожарникари.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки.
Тој бил затекнат од воени лица како лета дрон во близина на касарната.
На 07.04.2023 во 01.30 часот во Полициската станица Велес, Л.К.(20) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(43) од с.Требош, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.