Во рамки на сообраќајните контроли на МВР вчера на територија на целата држава издадени се 597 платни налози, од кои 200 се однесуваат на непрописно паркирање. Вкупно 92 случаи се за непочитување на пропишаната брзина на движење.
Двајца возачи кои вчера со возила удриле пешаци во Скопје се лишени од слобода, а возилата им се одземени.
Двајца млади од неготинското село Криволак биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден поради кражба, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Судијата на фудбалскиот натпревар во Трета лига Запад меѓу Тетекс и Влазрими пријавил во тетовската полиција напад дека бил нападнат од гостинската екипа од Кичево. Судијата бил нападнат откако досудил пенал за Тетекс, по што реагирале од кичевскиот клуб.
Настанот во СВР Струмица бил пријавен на 23 март 2025 година во 8:25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по добиената пријава биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш.
На социјалните мрежи објавена е вознемирувачка снимка на која се гледа како маж брутално тепа жена во живо на „ТикТок“, со повик до надлежните итно да реагираат.
Станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Оженет и татко на две деца.
Млад неготинец бил лишен од слобода по пријава дека со нож ѝ се заканувал на малолетничка, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Скопјанец бил приведен поради заканување на сосетка, кршење ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Во СВР Велес, од болницата во Велес вчера околу 15:35 часот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 22-годишниот Е.С. од село Клуковец, велешко.