На 22.01.2023 во 17.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека од стан на ул.„Лука Геров“ во Скопје паднал 12-годишник од Скопје.
На 21.01.2023 во 13.15 часот О.С.С. (49) од Скопје пријавила дека околу 13:00 часот на подрачјето на Гази Баба женско лице и одзело пари и предмети од нејзината чанта.
На 21.01.2023 во 11:00 часот од полициски службеници од СВР Куманово бил лишен од слобода З.В.(50) од кумановско, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.01.2023 околу 15:35 часот З.В. допирал по телото 23-годишна девојка од кумановско.
На 21.01.2023 околу 20:30 часот од КПУ Идризово во СВР Скопје било пријавено дека околу 19:25 часот во затворениот дел од установата повеќе осудени лица го нападнале осуденикот Е.С.(33), а од страна на Б.А. со остар предмет му била нанесена повреда на Е.С..
На 20.01.2023 во 11.30 часот А.С.(49) од Крива Паланка пријавила дека во канцеларија од јавно претпријатие во Крива Паланка по претходно недоразбирање била физички нападната од нејзина колешка М.Т.С..
На 20.01.2023 во 07.05 часот било пријавено дека на Меѓуградската автобуска станица во Скопје, бил пронајден починат Б.А.(66) од Гостивар.
На 20.01.2023 во ОВР Кавадарци полициски службеници извршиле службен разговор со Т.М. (62) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од Центарот за социјани работи во Кавадарци за сексуална злоупотреба на малолетничка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ќ.(75) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.