МВР информира дека, по преземени мерки и активности, на 19 ноември, во 19.00 часот на ул. „Филип Втори“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит пазар го лишиле од слобода М.Ј.(22) од с. Студеничани, Скопско, затоа што во 01.20 часот во угостителски објект на бул. „Партизански одреди“ со остар предмет му нанел повреди на скопјанецот Д.А.
Санкционирани се 30 учесници во сообраќајот во периодот од 14.11.2022 до 20.11.2022 година во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица во својство на управители на приватната здравствена установа Специјална очна болница ЕУРОПЕАН ЕЈЕ ХОСПИТАЛ п.о. Скопје
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донел Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик
Вчера околу 12.35 часот во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово затоа што претходно противправно одзеле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, што било паркирано на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, а со кое нешто подоцна предизвикале сообраќајна незгода
Во Република Македонија минатата година 116 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди. Жртвите и повредите на патиштата се ненадејни и трауматски настани чие влијание е долготрајно
На подрачјето на сите Сектори за внатрешни работи денеска меѓу 04.00 и 08.00 часот, нполициски службеници од Одделот за униформирана полиција извршиле контрола во реоните каде се врши ловство
Возило излетало од патот и паднало во подлабока провалија на влезот во Маврово од правецот на с.Никифорово, информира РЦУК Тетово
Сопружници од село Мокриево на возраст од 70 и 69 години загинаа попладнево во тешка сообраќајна несреќа на излезот од село Колешино, кај Струмица
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 32 годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик