Во тешка сообраќајка во која автомобил удрил велосипедисти која се случи попладнево на обиколницата во Скопје кај клучката во Радишани едно лице загина, а има и повредени.
Денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 44 сообраќајни прекршоци
Денеска во 13.20 часот на ул.„Гарибалди“, во населбата Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(33) од Скопје
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против A.Т.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка" по член 274-б од Кривичниот законик
Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Единицата за внатрешни работи Карпош синоќа во 21.15 часот, ги лишиле од слобода А.И.(24) и В.А.(20), двајцата од Скопје
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 315 возачи
Вкупно 174 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден во Скопје во рамки на акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР
Плочките му биле одземени и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ж.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.Н.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.