Во текот на ноќта 19/20.10. 2022 на територијата на Република Северна Македонија, полициски службеници лишиле од слобода двајца странски државјани и пронашле девет лица мигранти од Сирија и Авганистан
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашните засилени акциски контроли на територијата на град Скопје се изречени 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 26 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола и 10 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Во текот на вчерашниот ден во периодот, од 12:00 до 16:00 часот, на територијата на државава спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 61 возач
На 18.10.2022 во 20.30 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 28-годишниот Е.Х. од ова село
На 18.10.2022 во 22.35 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица од општа надлежност при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Ч.(36) од Битола
Денеска околу 01.00 часот во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода Е.Ќ.(27)од Прилеп
На 18.10.2022 во 22.35 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица при СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(27) од Битола
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 141 возач