На 25.07.2022 во 14.10 часот на улица „Моша Пијаде“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З. (42) од Куманово
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач
На 25.07.2022 во 21.40 часот на автопатот „Пријателство“, од Граничен премин „Табановце“ кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ го лишиле од слобода О.Б.(29) од с.Црвени Брегови, неготинско
Четири лица се приведени, а 16 возачи се казнети во текот на изминатата вечер од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп во спроведените контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп
На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 14 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 санкции за возење без возачка дозвола
Пожар од поголем обем има на армискиот полигон Криволак. За пожарот биле известени надлежните во АРМ и било побарано интервенција со хелихоптер заради непристапниот терен, информираа попладнево од Центар за управување со кризи.
При мешаните патроли од полициски службеници, родители и претставници од секторот за образование при локалната самоуправа и од Центарот за социјални работи, што викендот се реализираа во Струга, се затекнати малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот, а кај еден од нив се пронајдени и одземени електро-шок направа и метален пендрек
Сите расположливи капацитети и опрема на охридската полиција се ставени за контрола, превенција и заштита на шумите од пожар, но и за нивно локализирање доколку настанат
Во периодот од 18.07.2022 до 24.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 427 возачи
Во рок од еден месец ова е четврта интервенција на депонијата „Трешена Скала“, овојпат бил зафатен нејзиниот средишен дел и станува збор за самозапалување од високите температури