Министерството за внатрешни работи вчера на територија на град Скопје изрече160 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за возење под дејство на алкохол
Во Полициската станица Велес вчера било пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата во Велес бил пронајден починат 59 годишниот С.А. од Гевгелија, вработен во армијата.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец, откако полициски службеници во неговиот автомобил пронашле 1109,93 грама кокаин
На 13.10.2022 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово
Денеска во периодот од 05.40 до 06.30 часот на подрачјата на ЕВР Центар и Бит Пазар и ЕВР Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ш.(40), Ф.В.(26) и В.Р.(20), сите од Скопје
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 130 возачи
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 119 мерки, меѓу кои 13 за минување на црвено светло, осум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за нерегистрирани возила
Турски државјанин M.E.(35) синоќа пријавил во Полициската станица Центар дека во 11:20 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, едно лице одзело паричници со пари и други предмети од две возила на екипа која снимала на локацијата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 16:00 часот во Полициската станица Центар, М.Ј.(33) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, по претходна расправија, бил физички нападнат од вработен во установата.
Околу 13:45 часот вчера во Полициската станица Центар било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ со тешки телесни повреди била донесена В.Д.(56) од Скопје.