На тој начин тој избегнал да плати данок на личен доход од 10% за реализираните приливи за 2018 година во вкупен износ од 34.470 евра, за 2019 година во вкупен износ од 68.976 евра, во 2020 година 925.850 денари и 104.100 евра и за 2021 година во износ од 71.000 евра.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.С.(52) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци’’ и „загрозување на сигурноста по пат на информатички систем“.
Подоцна, околу 22.40 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.Р., затоа што агресивно се однесувал и упатувал навреди кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
На 11.10.2022, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода В.С.(26) од с.Градец, виничко, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба над малолетничка.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.В.(48) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Денеска (13.10.2022) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Г.Ј.(37) од Скопје.
При извршениот службен разговор со него, тој изјавил дека монетите и другите предмети ги нашол на локација во струмичко село пред околу една година, а потоа со метал детектор и на други разни локации наоѓал и собирал монети и други артефакти
Околу 14.40 часот на локалниот пат за с.Казандол, валандовско, полициски службеници забележале две патнички возила „шкода“, едното со скопски регистарски, а другото со српски национални ознаки, натоварени со мигранти.
На 12.10.2022 во 21.50 часот на ул.„Охридска“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги при Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода С.Б.(55) од Скопје.