Денеска ( 05.09.2022) полициски службеници од СВР Битола, ОВР Прилеп и ПС од ОН Прилеп на ул. "Скопска" во Прилеп ги лишија од слобода Ч. К.(32) и П. И. (36), двајцата од Прилеп, кај кои биле пронајдени две кеси со кафеава прашкаста материја.
На 04.09.2022 полициски службеници од ОВР Кичево и Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал преземаа мерки за дорасветлување на кривично дело "предизвикување општа опасност"
На поширокото тетовско-гостиварско подрачје, полициски службеници на СВР Тетово денеска (5 септември) од 9 до 14 часот спровеле засилена контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 12 прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-10).Осум од возилата (ТЕ-2 и ГВ-6) имале неисправни сопирачки, претежно комбиња и такси возила, две возила(ГВ) биле со неисправен уред за управување, едно (ГВ) со неисправни други уреди, а едно (ГВ) со неизвршен технички преглед
На 24.08.2022 во Тетово, при вршење увид и лишување од слобода на едно лице, пријавениот од роднина на лицето примил поткуп од 400 евра за наводно да му помогнел за неодредување на мерка притвор.
Во периодот од 29.08.2022 до 04.09.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 302 возачи
Во периодот од 29.08.2022 до 04.09.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата
Во текот на август годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во тековни-редовни и 34 акциски контроли вкупно откриле и санкционирале 1678 различни видови неисправности
Тетовската полиција расчистува случај во кој 52-годишник од градот пријавил напад од две лица, а причината била расправија околу паркирање. Настанот се случил во неделата
На 04.09.2022 околу 19.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 30-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране, кој претходно на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар одзел скутер со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Р.(30) од Гостивар
Од претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство свињите биле одземени и ќе бидат уништени, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.