Во Скопје на ул.„Темко Попов“ денеска во 13:15 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(47) од Скопје
Вчера во 11.30 часот во атар на с. Негрево, пехчевско, при обиколка на теренот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле 319 стебла на растението канабис
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.М.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад"
Во Кичево синоќа во 19:50 часот полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Н.И.(23) од кичевското село Србјани и А.Л.(24) од Струмица
Полицијата го лиши од слобода Р.Е. (37) од Штип, кој користел викенд отсуство од Казнено-поправната установа Затвор Штип, каде што издржувал затворска казна
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Кованец, осомничено за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик
Три лица се приведени откако биле затекнати како вршат бесправна сеча на дрва во атарот на селото Србиново, Гостиварско. Едно од нив, странски државјанин е депортиран од земјава
Полициски службеници од СВР Штип, вчера во 17:00 часот го привеле триесетгодишниот штипјанец Ш.Н., кој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 217 возачи
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли