Денеска од 08.00 до 12.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 45 возила кои вршат јавен превоз на патници
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување" и ,,фалсификување службена исправа" и против Н.М.(24) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување" и „употреба на исправа со невистинита содржина"
На поширокото тетовско подрачје денеска во периодот од 8 до 12 часот беше спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, со која вкупно биле опфатени 33 вакви возила, информираат од МВР
Полициски службеници вчера на ГП Табановце при контрола на два автобуса утврдиле дека вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
На 30.08.2022 во 22.00 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода А.Л.(22) од Скопје
На 30.08.2022 во 15.00 часот на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје затоа што околу 14.40 часот на автобуска постојка на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од М.Ѓ.(68) од Скопје одзел пари и личен предмет
На 30.08.2022 во 13.40 часот на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој управувал мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кој околу 08 часот истиот ден го одзел на подрачјето на Карпош
Денеска во 00.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода З.Т.(53) од Скопје
СВР-Битола информира дека се случила сообраќајна незгода меѓу трактор и мопед, во која со тешки телесни повреди се здобиле две лица
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 130 возачи