На 30.08.2022 околу 17.00 часот на улица „Фазанерија“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците А.М.(18) и Ј.К.(30)
Министерството за внатрешни работи во текот на изминатата ноќ, од 22:00 до 2:00 часот, со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови спроведе засилена акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 108 возачи
На 30.08.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(35) од Скопје
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 235 возачи
На 30.08.2022 во 08.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.М.(33) од Штип, кој се сомничи дека ноќта помеѓу 27 и 28.08.2022 во Штип, со употреба на алат од продажен објект одзел повеќе предмети, а на 28.08.2022 во периодот од 16 до 17 часот на ул„Маршал Тито“ во Штип од незаклучено возило „мерцедес“, сопственост на П.М.(37) од Штип, одзел повеќе предмети
МВР информира дека вчера полициски службеници од Полициската канцеларија Градско ги лишиле од слобода Х.В.(33) и Е.В (27), двајцата од Кавадарци
Полицијата вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли
Едно лице загина денеска во несреќа што се случила околу 11 часот на влез во железничка станица Миравци-Гевгелија, откако воз удрил во автомобил
Денеска од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар околу 12.45 часот на бул.“11-ти Октомври“, на автобуската постојка на Зелен пазар, бил лишен од слобода С.И.(55) од Скопје при обид да одземе паричник од лице кое влегувало во автобус
На 30.08.2022 во 04.25 часот на ул.„1511“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода Д.К.(32) од с.Шупљи камен, кумановско и малолетничка од Скопје. Тие биле затекнати при обид да одземат патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки