Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 до 60 минути, а на Граничниот премин Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути
Основното јавно обвинителство Гостивар, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55 годишно лице од село Здуње, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство
На 01.08.2022 во Кочани,полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Кочани го лишиле од слобода Ф.Ј.(35) од Кочани
Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 131 возач
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 24 мерки за возење без возачка дозвола и 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл
Вработена во странско дипломатско претставништво во Битола вчера околу 16:00 часот во СВР Битола пријавила дека од објектот на претставништвото на улицата „Широк Сокак“ во Битола било одземено државното знаме на странската земја.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 4:00 часот го лишиле од слобода Ж.В. од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Три лица се повредени во сообраќајна незгода, што се случи вечерва околу 20 часот и 45 минути на автопатот Тетово – Гостивар, поради што до 21 часот и 10 минути движењето на возилата на овој патен правец беше во прекин.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Општина Крива Паланка санкционирала возач кој ја пречекорил максимално дозволената брзина со 79 километри.