На 17.06.2022 на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Д.Г.(19) од Кавадарци
На 17.06.2022 во 21.20 часот на ул.„Герника" во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција – потраги Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Д.(31) од Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, а шест за минување на затворен сигнал – црвено светло
Пронајдено безживотно тело во атарот на делчевското село Драмче. Според информации од делчевската полиција се работи за 81-годишник со иницијали Б.А, кој бил пронајден од страна на женско лице кое собирало печурки
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
Денеска во 05.30 часот во Гостивар, Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.К.(27) од Кичево и С.К.(20) од Битола поради сомнение дека извршиле тешка кражба во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со албански регистарски ознаки
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 374 возачи
Ноќта 16.06./17.06.2022, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода
Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти осум кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против Е.А.(26), И Ф.(30) и малолетник, сите од Добридол, и против Л.С.(40) и С.И.(36) од гостиварско Форино
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот