Хрватски граѓанин загина, а четворица државјани на Македонија се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска кај клучката Ковиљ во близина на српскиот град Нови Сад
Во текот на 13/14.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 174 возачи
На 13.05.2022 полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишија од слобода Н.К. од Радовиш и С.И. од с.Тополница, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“
На 13.05.2022 во периодот од 18.00 до 23.00 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли на територија на СВР Битола
На територија на град Скопје изречени се 162 санкции од областа на сообраќајот. Од нив, 16 за брзо возење и исто толку за возење без возачка дозвола
Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство“ предвидено во член 260 став 1 од Кривичниот законик.
На 12.05.2022 во 13.29 часот во СВР Скопје, Ф.К.(37) од с.Долно Свиларе, скопско, пријавила дека додека бил на училиште во с.Долно Свиларе нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од наставничката А.К. од Скопје.
Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.