Синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез на Железничка станица Маџари, патничкиот воз кој сообраќал на релација Табановце-Скопје бил оштетен од неколку лица.
На 11.05.2022 во времето од 14 - 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 85 возачи
На 11.05.2022 во 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода М.Н.(30) од Скопје
Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 216 возачи
На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за прекршоци што ги чинат пешаците
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против З.А.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и 3 од Кривичниот законик.
Жена од Скопје вчера во 19.20 часот во Полициската станица Центар пријавила дека Е.М.(53) од Скопје се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Тетовската полиција информира дека во текот на вчерашниот ден се приведени шест малолетници во два различни случаја при што кај нив се се најдени дрога и оружје
Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против угостителски објект од Кочани, Б.Д.(49) од Кочани, одговорно лице во правното лице и А.М.(24) од Кочани, вработен во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“