Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи
На 01.02.2022 во 19.30 часот на ул.„Виничка“ во Скопје, полициски службеници од оперативен тим – потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Р.(38) од Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против две лица кои се осомничени дека сториле по едно кривично дело – Обљуба врз немоќно лице согласно член 187 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Тетово.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија во Белград го уапсија О.Ж. (1984) по потерница од Македонија за издржување затворска казна за убиство извршено во С.Македонија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Денеска (1 февруари) од 9 до 14 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не пропуштаат пешаци на пешачки премин.
Како што соопштија од Јавното обвинителство, во текот на јануари, осомничениот набавил одредено количество наркотична дрога – марихуана и ја препакувал во помали пакувања, со намера да ја препродаде на зависници.
Денеска (01.01.2022) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ф.Д., по член 123, во врска со член 19 од Кривичниот законик и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Во текот на вчерашниот ден (31.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи
Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(34) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик