На 16.02.2022 во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба, К.У.(27) од с.Сопиште пријавил дека околу 09.40 часот, додека бил на неговото работно место во фирма на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од сопственикот М.Ѓ.(73).
Се расчистува и документира случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 15.02.2022 во 16:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.К.(43) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на улица „Георги Димитров“ била физички нападната од две лица, кои притоа ѝ одзеле чанта со пари и лични документи.
На 15.02.2022 во 13:15 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека дознала од својата малолетна ќерка дека нејзиниот татко Љ.Г. (поранешен сопруг на 49– годишната жена) извршил обљуба над неа.
На 15.02.2022 околу 22 часот, од полициски службеници од ОВР Струга лишен е од слобода Б.Н.(37) од струшкото село Велешта.
ЕВР Аеродром и Драчево расчисти повеќе кривични дела сторени на подрачјето на Аеродром во претходните неколку дена од страна на А.С.(26) од Скопје.
На 15.02.2022 околу 22.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар на ул.„Панче Поповски“ во Гостивар, во присуство на негов родител, лишиле од слобода малолетник, поради сомнение дека извршил тешки кражби во спортски обложувалници.
Еден пожарникар од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здобил со повреди при гаснење пожар во текот на вчерашниот ден во село Сопиште, Скопско.
На триесет и осумгодишен жител на Дебар поднесена му е кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Расчистено е кривично дело „тешка кражба“ во Свети Николе, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова