На 04.02.2022 околу 19 часот, на улица „Пиринска“, односно во 02 часот пред влез на казино на улица „Блажо Алексов“ во Кавадарци, пријавените мастурбирале пред други лица
На 14.02.2022 во 16:40 часот во СВР Скопје, Н.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 16:15 часот во близина на средно училиште на подрачјето на Аеродром три лица му одзеле мобилен телефон, откако едниот од нив физички го нападнал.
Според пријавеното, во 19 часот Т.А., вработен како чувар во установата, по претходна расправија, физички ја нападнал О.Г, која била на нејзиното работно место.
На 14.02.2022 околу 22 часот, во СВР Охрид е приведен Љ.М.(66) од Охрид. Тој претходно, со употреба на алат и физичка сила, од објект во близина на одморалиште во Охрид, одзел предмети.
Вечерва во 17:55 часот на патот Прилеп-Градско, пријавено е дека се случила сообраќајна незгода, помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф“ управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт. Оваа информација ја потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Денеска (15.02.2022) полициски службеници од СВР Скопје и РЦ Север во координација со Царинската управа го приведоа Ѓ.Ј. (41) од Неготино, кој во камион со неготински регистерски таблички превезувал тројца мигранти.
Педесет и две годишна сопственичка на цвеќарница во Прилеп, вчера, на Свети Трифун и на Свети Валентин, во прилепската полиција пријавила дека е измамена за аранжмани со цвеќе и за 14 500 денари.
Седумдесет и тригодишен кумановец пријавил во полицијата дека бил измамен за 6.000 денари за набавка на огревно дрво, соопшти денеска полицијата. Тој ги платил, но не ги добил дрвата.
На 13.02.2022 полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово, каде се врши откуп на секундарни суровини
На 14.02.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за крим полиција и Полициската станица при СВР Битола од мотел во близина на автобуската станица во Битола го привеле М.С.(27) од Прилеп