На 10.02.2022 околу 17:00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Џ.С.(41) од Скопје пријавила дека околу 11:30 часот во нејзиниот двор била физички нападната од нејзина сосетка, која со тврд предмет го оштетила и нејзиното возило.
На 09.02.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Центар, С.Н.(56) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ бил физички нападнат од четири лица, кои притоа употребиле и тврд предмет, по што му одзеле пари.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.У. (39) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.
Парите биле скриени во возилото. Тие се запленети, а против А.С. е поднесена кривична пријава за „непријавување пари и вредни предмети на граница”
Во периодот од 08.00 до 12.00 часот на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.
Поднесена е кривична пријава против беровец за пуштање во оптек фалсификувани пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Поднесена е кривична пријава против лице од тетовско Нераште за вршење јавен превоз без поседување лиценца, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
Пронајден е седумдесет и едногодишниот кумановец кој претходно беше пријавен за исчезнат. Лицето било со нарушена здравствена состојба и бил пренесен во кумановската болница, соопшти денеска кумановската полиција.
Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) соопшти дека вчера почина истакнатиот македонски композитор, музичар, педагог и долгогодишен член на СОКОМ, Тоде Новачевски.
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две физички и едно правно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик.