По патиштата во дебарско во текот на минатата година регистрирани се вкупно 53 сообраќајни незгоди, за среќа без жртви, потврди за МИА Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи во Охрид.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период. Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи
На 05. и 06.02.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, била извршена контрола на четири патнички возила – комбиња и пет автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници
Во периодот од 31.01.2022 до 06.02.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата
Изминатата недела (03/04.02.2022) започна уште една Оперативна акција, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи
На 06.02.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишен е од слобода И.Ф.(22) од Битола, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана
Во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 301 возач
На 06.02.2022 околу 20.00 часот на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Љ.(46) од Скопје
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на скопското село Никиштане, осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори