Законот, што во средата беше усвоен во Долниот дом, ноќеска беше поддржан од 55 сенатори наспротив 23 против. Двајца сенатори се воздржаа од гласање.
Европската комисија може парично да ја казни Полска доколку земјата го усвои спорниот закон за реформи во судскиот систем.
Американските власти ќе им забранат на своите државјани да патуваат како туристи во Северна Кореја, пишуваат медиумите во САД, повикувајќи се на соопштенијата на две туристички агенции кои организираат вакви патувања.
Петер Алтамјер денеска ниту ги потврди ниту ги негираше наводите на германскиот дневен весник „Билд“ кој објави дека Германија го запре целиот извоз на оружје за Турција.
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави за време на денешната посета на Пентагон, каде се одржа состанок за воената стратегија, дека Исламска држава пропаѓа мошне брзо.
Улиците ширум Венецуела денеска се празни и по нив се поставени барикади поради штрајк на противниците на претседателот Николас Мадуро.
Француската авионска компанија „Ер Франс“ денеска соопшти дека ќе формира своја нова филијала за евтини летови под името „Жон“, но висината на цените на билетите и понудените линии ќе бидат објавени во септември, јави дописникот на МИА од Париз.
Во однос на финансискиот надомест на Обединетото Кралство кон ЕУ, според Барние, Британците минатата недела признале постоење на обврски кон Унијата и дека тие ќе треба да се расчистат.
Од СИДА во светот минатата година починале милион лица, што е двојно помалку отколку во 2005 година, кога оваа болест однесе речиси два милиона животи, соопштија денеска Обединетите нации.
Во интервју за „Њујорк Тајмс“, таквиот потег на Сешенс кој е и министер за правда, Трамп го оценува како „крајно нефер однос кон претседателот“.