-Американците можат да бидат сигурни во безбедноста на националниот банкарски систем. Вашите депозити ќе бидат таму кога ќе ви бидат потребни, рече Бајден.
Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер изјави дека планира да се справи со проблемот со големите расходи во буџетот за идната година за да го поправи структурниот дефицит предизвикан од пандемијата „Ковид-19“ и енергетската криза
Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за мешање во политичката ситуација во неговата земја, откако даде коментари за минатонеделните протести што се одржаа во Грузија, а оваа негова реакција предизвика лут одговор од Киев
Десетици илјади млади лекари денеска го почнаа тридневниот штрајк ширум Велика Британија, што ќе предизвика општо нарушување во работата на државните болници и клиники
Обединетите нации денеска соопштија дека Владата на Сирија, но и други актери, сносат одговорност за доцнењето на меѓународната помош за луѓето кои беа најмногу загрозени од последиците од катастрофалните земјотреси минатиот месец
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ги повика научниците да презентираат „силните факти“ за да ги натераат владите ширум светот да усвојат политики за борба против климатските промени
Британскиот премиер Риши Сунак денеска најави зголемување на финсирањето на војската за пет милијарди фунти (6 милијарди американски долари) во наредните две години како одговор на руската агресија врз Украина и „предизвикот што ја дефинира епохата“ односно Кина
Јапонскиот писател и нобеловец Кензабуро Ое почина на 88-годишна возраст, соопшти денеска неговата издавачка куќа „Коданша“
Германската Бундесбанка денеска го собра својот кризен тим за да ги процени евентуалните последици од банкротот на американската банка на Силиконската долина (SVB) за локалниот пазар, иако во Европа не се предвидени итни дејствија
Високи претставници на Русија и на Обединетите нации денеска во Женева почнаа разговори за продолжување на рокот на договорот за извоз на жито од Украина, кој истекува на 18 март