Европската унија ќе направи напори да го зголеми производството на муниција наменета за Украина од „петнаесет индустријалци во единаесет земји“ членки на заедницата
Околу 662.500 ученици во Газиантеп, 497.850 во Адана и 137.760 ученици во Османије продолжија со часовите по реновирањето и поправките во нивните училишни згради, што беа оштетени во земјотресот на 6 февруари што ја погоди јужна Турција, и во кој загинаа речиси 48.000 луѓе
Казнените мерки на Украина против огранокот на Православната црква поврзана со Русија се дел од напорите да се постигне „духовна независност“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски
Шефот на иранското правосудство Голамхосеин Мохсени Еџеи денеска изјави дека се помилувани 22.000 лица, уапсени за време на неодамнешните антивладини протести во земјата
Кинескиот претседател Си Џинпинг планира да отпатува за Русија и да се сретне со својот колега Владимир Путин следната недела, тврдат анонимни извори запознаени со ова прашање, а тоа ќе биде порано од очекуваното, јави денеска Ројтерс
Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) соопшти дека е загрижена поради последиците од војната во Украина за украинските сирачиња и нивните врсници сместени во згрижувачки семејства. Организацијата ја повика Украина итно да го реформира својот систем за згрижување
Новиот премиер на Кина, Ли Кианг, по преземањето на функцијата првпат одржа прес-конференција, на која, меѓу другото, се осврна и на односите на Кина со САД
Папата Франциск денеска одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква со миса со кардинали во капелата Санта Марта во Ватикан
Саудиската државна нафтена компанија „Арамко“ забележа рекорден профит од 161,1 милијарди долари во 2022 година, за што придонесоа големите скокови на цените на енергијата, како и зголеменото производство
Американските власти синоќа објавија серија мерки за да ги уверат поединците и компаниите во стабилноста на американскиот банкарски систем и рекоа дека ќе гарантираат повлекување на вкупните депозити на банката на Силиконската долина (SVB) по нејзиниот колапс