Дождливото време продолжува во американската сојузна држава Калифорнија, откако „атмосферската река“ која предизвика големи поплави се пресели на исток
Индиската армија ќе нареди купување на суперсонична крстосувачка ракета БрахМос од руско-индиската партнерска компанија „БрахМос Аероспејс“
Милиони луѓе очигледно не можат да се справат со високите животни трошоци и затоа влегуваат во минус на своите сметки, покажува анкета на Здружението на централите за заштита на потрошувачите
Земјотрес со јачина од 4,7 степени е регистриран денеска во југоисточниот турски округ Малатија, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби
Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Сан Диего, Калифорнија, ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак и неговиот австралиски колега Ентони Албанез, за да разговараат за безбедносниот сојуз АУКУС, соопшти Белата куќа
Најмалку 17 илегални мигранти се спасени од италијанската крајбрежна стража, додека 30 се водат како исчезнати откако нивниот брод се превртел кај брегот на Либија во Средоземното Море
Белоруски граничари во изјава за националната телевизија велат дека украинските граничари, на границата со Белорусија, закачиле „кукла во униформа на руската војска и ја нарекле Валера“
Во ЕУ лани е забелажано опоравување во авиосообраќајот според бројот на комерцијални летови, но и натаму е помал во одност на ситуацијата пред пандемијата од 2019 година, објави Еуростат
Во споредба со 2021 година, кога годишната вредност беше 2,9%, стапката на инфлација е зголемена повеќе од тројно, објави Еуростат
Увозот на оружје во Европа речиси двојно се зголеми во 2022 година, поттикнат од масовните испораки во Украина, која стана трета по големина дестинација во светот, се вели во извештајот што денеска го објави Меѓународниот институт за истражување на мирот од Стокхолм