Претседателот на британските владејачки конзервативци Оливер Даууден поднесе оставка откако партијата загуби на двата дополнителни избори, вклучувајќи и место југозападна Англија, каде претходно владееше повеќе од еден век
Гувернерот на Луганск, Сергеј Гадај денеска изјави дека бранителите на Северодоњецк мора да се повлечат од клучниот град
Европска Унија се договори со Норвешка, најголемиот западноевропски производител на гас, да го зголеми снабдувањето со цел да го надополни недостигот од гас на земјите-членки на ЕУ
Постојат докази за локален пренос на мајмунски сипаници, информираше денеска американскиот Центар за контрола и превенција на болести, со извештаи за случаи на патување во странство
Британскиот премиер, Борис Џонсон, оцени дека Г7 и НАТО не треба да ја охрабруваат Украина да постигне, како што наведе, „лош“ мир со Русија, што би значело откажување од делови од нејзината територија
Предноста на поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва пред актуелниот претседател Жаир Болсонар во јуни остана речиси непроменета во однос на претходниот месец, покажа новото истражување на анкетите на „Датафол“ што беше објавено вчера
Руски воен транспортен авион Иљушин 76 утрово се урна во градот Рјазан, при што загинаа четири лица, а петмина се повредени
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа преку видео линк пред Европскиот совет одржа краток говор по повод историската одлука со која на Украина и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ
Европска Унија испраќа помош во Авганистан по разорниот земјотрес, при што загинаа повеќе од илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени
Францускиот претседател Емануел Макрон ја поздрави одлуката за тоа што на Украина ѝ се даде кандидатски статус за членство во Европската Унија