Во Австрија ќе се укине задолжителната вакцинација против Ковид-19, најави министерот за здравство Јоханес Рауч
Воената власт во Мјанмар денеска соборената лидерка Аунг Сан Су Чи ја префрли од домашен притвор во затвор во Најпидо
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека „порастот на зараза од подваријантите на омикрон укажува дека тие ќе станат доминантни“ во целата Европска Унија
Молдавскиот парламент денеска одобри продолжување на вонредната состојба за 45 дена поради ситуацијата во Украина. Информацијата ја соопшти претседателот на Парламентот, Игор Гросу
Германската Влада ја активираше втората од трите степени на планот за вонредно снабдување со гас, соопшти денеска Министерството за економија
Експерти од Светската здравствена организација (СЗО) ќе имаат средба денеска за да проценат дали епидемијата од мајмунските сипаници треба да се прогласи за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење, како што беше случај со пандемијата од Ковид-19
Советникот на украинскиот претседател, Алексиј Арестович денеска изјави дека битката за источните градови Северодоњецк и Лисичанск достигна „страшен врв“ и оти руските сили наскоро би можеле да ги опколат градовите и да ги отсечат од украинската територија
Ирански суд донесе одлука Владата на САД да им исплати над четири милијарди долари на семејствата на ирански нуклеарни научници, убиени во целни напади изминатите години
Над 150 објекти од културата се делумно или целосно уништени за време на речиси четиримесечната војна во Украина, соопшти денеска Организацијата за наука, образование и култура на Обединетите нации
Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин денеска изјави дека лидерите на Европска Унија би требало да ги „оладат главите“ бидејќи поради нивните одлуки страдаат граѓаните