Џо Бајден, кој денеска положи заклетва како 46. претседател на САД, е 15-ти потпретседател во американската историја, кој станал и шеф на државата.
Сите снимки на поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата администрација се избришани од Јутјуб каналот на Белата куќа.
Американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска беше инаугуриран, го презеде официјалниот налог на Твитер за американскиот претседател, познат како ПОТУС (President of The United States).
Пекинг воведе санкции против 28 американски граѓани за мешање во внатрешните работи на земјата и поткопување на кинеските интереси. Меѓу нив се поранешниот државен секретар Мајк Помпео и трговскиот советник на Доналд Трамп, Питер Наваро, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Во последните моменти од своето претседателствување, досегашниот американски претседател, Доналд Трамп, го помилувал и Алберт Пиро, пренесе Си-Ен-Ен.
Вкупно 297.500 луѓе повеќе починаа во Европската унија од март до октомври минатата година отколку во истиот период од 2016 до 2019 година, покажуваат податоците на Евростат објавени денеска.
Лидерите на ЕУ и НАТО го поздравија денеска официјалното стапување на должност на новиот претседател на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.
Специјалниот претставник на досегашниот американски претседател Доналд Трамп во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, му го честиташе на новиот претседател на САД, Џо Бајден денешното стапување на функцијата.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави официјалното стапување на должност на новиот американски претседател Џо Бајден.
Во својот прв говор како претседател на САД, Џо Бајден, на Американците и светот им порача дека денеска е ден на Америка, ден на демократијата, ден на историјата и надежта, ден на обновување.