– Мислам за безбедноста на другите, мислам дека е потребна помош. Ајде да го ставиме ова под контрола, изјави Мекарти.
Бројни светски официјални лица на социјалните мрежи реагираа на настаните во Вашингтон, главно со коментари дека се изненадени, загрижени и шокирани од тековните настани и му дадоа поддршка на новоизбраниот претседател Џо Бајден
Најмалку една експлозивна направа била пронајдена во близина на Капитол за време на демонстрациите на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп.
Британските и германските власти го осудија упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на Конгресот.
Новизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, во кратко обраќање денеска од Вилмингтон, Делавер го повика Доналд Трамп, претседател во заминување, да отстапи.
Министерството за одбрана ја активираше целата Национална гарда во Вашингтон, откако приврзаници на претседателот Доналд Трамп го пробија полицискиот кордон и упаднаа во зградата на Конгресот на Капитол.
Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка вечерава демонстрантите кои упаднаа во зградата на Конгресот ги нарече патриоти.
Повеќе полицајци се повредени, а најмалку еден е пренесен во болницата, јави Си-Ен-Ен.
Фотографија како припадници на безбедносните служби повлекуваат пиштоли кон влезна врата во салата на Претставничкиот дом, објави денеска Си-Eн-Eн.
Демонстрантите упаднаа и во канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, но се уште е непознато дали таа била таму.