Демократот Рафаел Варнок прогласи победа во трката со својата републиканска противкандидатка Кели Лефлер за едно од двете места во Сенатот на изборите во сојузната држава Џорџија, јавија телевизиите Си-Ен-Ен, Си-Би-Ес и Ен-Би-Си
На Словаците во централниот регион Нитра нема да им биде дозволено да работат доколку немаат негативен тест за коронавирус, бидејќи главната болница во таа област е преполна со пациенти со Ковид-19, а смртноста е голема, соопштија денеска властите
Унгарската Влада одлучи од денеска да ја укине забраната за комерцијални летови од Велика Британија, соопшти кризниот штаб во Будимпешта
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 84,47 милиони, зголемувајќи се за над 541.000 во последните 24 часа, се наведува во последниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен синоќа
Акциите на американските берзи пораснаа кога паднаа обврзниците во пресрет на резултатот од клучните избори во Џорџија, кои ќе одлучат која партија ќе го контролира Сенатот во следните две години, пренесува Блумберг
Собранието на Чилe разгледува закон со кој вакцинацијата против коронавирусот ќе биде задолжителна, додека централно-десничарската влада планира да го вакцинира мнозинството од населението до средината на годината, пренесува „Гардијан“
Новоизбраниот претседател Џо Бајден деновиве треба да ги објави имињата на повеќе носители на важни функции во неговиот кабинет задолжени за надворешна политика и безбедност, објави синоќа Политико
Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ ќе одржат онлајн средба до крајот на јануари за да разговараат за состојбата со ширењето на коронавирусот, соопшти претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на прес-конференција во Португалија, претседател на Советот на ЕУ.
Советничката група на Светската здравствена организација денеска соопшти дека нејзината препорака е двете дози на вакцината на Фајзер/БиоНТек да се примат во интервал од 21 до 28 дена.
Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејезус, денеска изјави дека е разочаран што кинеските власти не ги финализирале дозволите за пристигнување на тим експерти во Кина, кои ќе го испитаат потеклото на САРС-КоВ-2.