Самитот ЕУ – Кина кој е планиран за крајот на овој месец ќе биде одложен поради коронавирусот.
Ректорите на франкофонските универзитети во Белгија одлучија попладнево да ги затворат универзитети, наставата продолжува онлајн.
Сингапур привремено ќе ги затвори сите џамии заради дезинфекција, откако двајца мажи се заразиле со коронавирус додека присуствувале на исламски собир во соседна Малезија, соопштија властите.
Иран соопшти дека побарал итна финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој не му позајмил средства уште од 1962 година, заради борба против епидемијата на новиот коронавирус.
Градот Кнок во северна Белгија ќе биде ставен во карантин до 30 април поради новиот коронавирус, објавија белгиските медиуми. Се очекува официјална потврда од градските власти во текот на денот.
Претседателот на Парламентот на Кипар, Димитрис Силурис, како и делегацијата што со него била во Атина, од вторникот наутро се во самоизолација, јави дописничката на МИА од Атина.
Владата на Финска денеска поради новиот коронавирус препорача до крајот на мај да се откажат сите јавни собири со повеќе од 500 луѓе, изјави денеска премиерката Сана Марин.
Албанскиот претседател Илир Мета заедно со членовите на неговиот кабинет, во Националниот центар за трансфузиологија денеска даруваше крв за децата болни од таласемија.
Европската централна банка (ЕЦБ) објави серија мерки за да гарантира дека банките, кои се под нејзина директна контрола, можат да ја исполнуваат својата улога во финансирањето на реалната економија во услови на ширење на Ковид-19.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 129.842 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 4.751, а оздравеле 68.672.