Американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска со процесот за импичмент на претседателот Доналд Трамп
САД на Конференцијата за разоружување ја повикаа Кина да се вклучи во тристраните преговори за нуклеарно разоружување со Москва, нарекувајќи ја тајноста на Пекинг во однос на неговите зголемени арсенали „сериозна закана за стратешката безбедност“
Руската државна дума денеска го одобри нацрт-законот за воведување на функцијата заменик претседател на рускиот Совет за безбедност.
Според месечната прогноза што денеска ја објави Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ЕЦМВФ), зимата во Европа е завршена.
Додека американскиот претседател Доналд Трамп е на економскиот форум во Давос и се ракува со светските лидери, во Сенатот на САД во Вашингтон започна судење за негово отповикување, и ако судот докаже дека тој е виновен, претседателот ќе биде разрешен од функцијата.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата мора да ги засили своите воени операции за обука во Ирак за да се обезбеди нејзините членки да не се вратат во борба против екстремистите од Исламска држава.
Прв случај на новооткриениот коронавирус е пријавен во САД – во државата Вашингтон, откако болеста слична на пневмонија првпат се појави во Кина и продолжува да се шири и надвор од границите на таа земја, јави Си Ен Ен.
Хонг Конг повеќе од седум месеци е зафатен со протести поради сега повлечениот закон за екстрадиција во Кина за судење.
По првпат во американската историја новиот авионосач, кој ќе стапи во служба во Воено-морските сили на САД, ќе биде именуван во чест на афроамериканскиот војник и морнар Дорис (Дори) Милер.
Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека операциите за контрола на прилив на мигранти на јужната граница се насочени кон нивна заштита.