Барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемено присуство на НАТО на Блискиот исток не е изненадувачко, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Либанското обвинителство денеска забрани патувања на поранешниот извршен директор на „Нисан“ Карлос Госн, откако Интерпол издаде потерница за него.
По иранскиот напад врз две бази со американски војници во Ирак и по американскиот напад со дрон во кој беше убиен иранскиот генерал Сулејмани, американскиот претседател Доналд Трамп ќе побара од своите сојузници да го поништат иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска неговиот потпретседател Мајк Пенс.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска во Багдад изјави дека треба да се спречи Ирак да стане арена на конфликти меѓу странските сили.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ја повика Велика Британија да се вклучи во истрагата за авионската несреќа на украинскиот авион во Иран, во која погинаа 176 лица.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска остро ја осуди кампањата на омраза против новата министерка за правда Алма Задиќ.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска го бранеше нуклеарниот договор со Иран и го предупреди иранскиот претседател Хасан Рохани да не презема какви било „повратни дејства“.
Групата држави против корупцијата (Греко) на Советот на Европа во денеска објавениот извештај нагласуваат дека во Франција опстојуваат „сиви зони“ во борбата против корупцијата и го повикаа Париз да направи повеќе напори за спречување на корупцијата во рамките на извршната власт, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Британските пратеници денеска треба да го одобрат законот кој ќе овозможи излез на земјата од ЕУ на 31 јануари, со што ќе заврши тригодишното надмудрување околу условите за Брегзит.
Меѓународната коалиција за борба против Исламска држава, која е предводена од САД, денеска соопшти дека ги суспендира сите воени активности во Ирак за да се фокусира врз заштитата на својот персонал, јави ДПА