Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска го бранеше нуклеарниот договор со Иран и го предупреди иранскиот претседател Хасан Рохани да не презема какви било „повратни дејства“. „Договорот беше значителен успех по 10 години интензивни меѓународни преговори и останува важен инструмент за регионалната стабилност“, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Мишел.

Во телефонски разговор со Рохани, Мишел ја истакна посветеноста на ЕУ да ги намали тензиите по лансирањето ирански ракети во ирачките бази каде се распоредени американски трупи. „ЕУ има свои интереси и визија“, се наведува во соопштението и се додава дека Мишел го повикал иранскиот претседател да се воздржи од повратни дејствувања. Трамп ја повика Европа да го напушти договорот за нуклеарна програма во Иран, потпишан во Виена во 2015 година. САД се повлекоа од него во 2018 година и ги вратија санкциите кон Иран. Велика Британија, Франција и Германија продолжуваат да бидат дел од овој договор, како и Русија и Кина.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2020 20:27