Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека не е во ред да постои сомнеж во безбедносната гаранција на Западната алијанса, но дека тој работи на решавање на спорот со Турција околу сојузничките планови за одбрана на Балтикот
Шведската активистка Грета Тунберг денеска со еколошко пловило катамаран пристигна во Лисабон по три недели пловење по Атланскиот океан, од каде ќе го продолжи патот кон Мадрид каде што се одржува Конференција за климатски промени на ОН
Унгарската полиција објави снимки на кои се гледаат мигранти како прескокнуваат ограда на унгарско-српската граница
Холандската полиција денеска уапси осум лица осомничени за силување најмалку три тинејџерки
Израелскиот јавен обвинител официјално поднесе обвинение против премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој сега има рок од 30 дена да поднесе жалба барајќи имунитет
Премиерот на Финска, Анти Рине поднесе оставка на состанок на неговиот кабинет со претседателот Саули Нинист
Францускиот претседател Емануел Макрон пред Самитот на НАТО во Лондон изјави дека Франција нарачала шест нови патролни чамци за надгледување на нејзините прекуморски области (француските територии надвор од Европа), тврдејќи дека таа земјата е лидер во поморството во Европа
Пјонгјанг оцени дека САД се обидуваат да ги пролонгираат преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја поради претседателските избори следната година
Познатиот писател Милан Кундера повторно е државјанин на Чешка, откако му е врачено државјанство по 40 години откако истото му беше одземено
НАТО се состанува во Лондон во присуство и на претседателот на Франција Емануел Макрон, кој тврди дека организацијата е во состојба на „клиничка смрт“