Протести беа одржани во Каракас, предводени од лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој ги повика граѓаните да излезат на улиците и да го соборат од власт претседателот Николас Мадуро
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека од сите кандидати на Конзервативната партија на претстојните избори добил ветување за поддршка на неговиот договор за брегзит
Британскиот принц Ендру првпат во интервју за Би-Би-Си, одговори на прашања во врска со врските со осудениот педофил Џефри Епстајн, во кои призна дека било грешка што престојувал во неговата куќа
Група од 226 кубански лекари се враќаат од Боливија во Куба, по одлуката на властите во Хавана за нивното враќање заради промена во боливиската власт
Годишнината од движењето на „Жолтите елеци“ беше пропратена со насилство во Париз и нова „окупација“ на кружните текови, со цел да му се даде „нов здив“ на движењето
Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Башле денеска ја осуди „непотребната и непропорционална употреба на сила“ од страна на полицијата и војската во Боливија
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Јапонија да ја зголеми за четирипати сумата за американските сили стационирани во државата, објави Форин полиси, повикувајќи се на неименувани сегашни и поранешни американски функционери, во момент кога Вашингтон ги притиска долгогодишните сојузници за да ги зголемат трошоците за одбрана
На 30-годишнината од Кадифената револуција, со која заврши деценијата на комунистичко владеење во Чешка, граѓаните на таа земја го повикаа премиерот Андреј Бабиш да поднесе оставка
Претседателот на САД Доналд Трамп, помилува тројца американски војници обвнети за воени злосторства извршени во Авганистан и во Ирак
Кинеската народноослободителна армија ги изненади жителите на Хонг Конг кога нејзини припадници се појавија на улиците во маици и шорцеви, помагајќи им на жителите да ги исчистат остатоците по антивладините протести