Германската канцеларка Ангела Меркел имаше средба со командантот на Либиската народна армија, генерал Калиф Хафтар, со кого разговараше за конфликтот во Либија, соопшти германската Влада.
Лидерите на земјите од Европската унија за време на видео конференцијата посветена на европскиот одговор на епидемијата на коронавирусот договорија координиран пристап со цел лимитирање на ширењето на вирусот, испорака на медицинска опрема и решавање на социјално-економските последици од епидемијата.
Европската унија треба да престане да ја залажува Турција околу давањето помош за милионите мигранти на нејзина територија, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека САД го ублажиле својот став околу прашањето за можноста за продажба на американските одбранбени системи „Патриот“.
Двајца украински војници се убиени, а деветмина повредени во судирите со проруските сепаратисти на истокот на земјата, што претставува втора ескалација на судирите во последните неколку недели.
Бројот на починати лица од коронавирусот во Италија нарасна на 631, што сметано од синоќа претставува зголемување за 168, јави дописникот на МИА.
Француското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа во Франција се потврдени нови 372 случаи на заразени со коронавирусот, со што нивниот број достигна 1.784, а досега има 33 смртни случаи, 19 мажи и 14 жени.
Националното обвинителство за финансиски криминал побара казна од две години ефективен затвор и три години условна казна за поранешниот француски премиер Франсоа Фијон, како и парична казна од 375.000 евра за неговата сопруга Пенелоп Фијон.
Според Меѓународниот Совет на Аеродроми за европскиот регион (АЦИ Јуроп) епидемијата на коронавирусот ќе значи опаѓање на бројот на патници за 13,5 отсто во првиот квартал од годината.
На Германија сега не и треба стимулативен план за економијата за да им се спротивстави на последиците од коронавирусот, туку пред се инјекции за ликвидност на фирмите, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.