Националното обвинителство за финансиски криминал побара казна од две години ефективен затвор и три години условна казна за поранешниот француски премиер Франсоа Фијон, како и парична казна од 375.000 евра за неговата сопруга Пенелоп Фијон, јави дописникот на МИА.

Обвинителството тврди дека работното место на неговата сопруга Пенелоп како парламентарна асистентка било „измислено и вештачко “

Обвинителството, исто така, побара казни од 375.000 евра против брачната двојка и десет години забрана за учество на избори заради неподобност против поранешниот претседателски кандидат на Републиканците.

Против градоначалникот на Сабле-сур-Сарт Марк Јулауд, поранешен заменик пратеник на Франсоа Фијон во собранието, беа побарани две години условна казна затвор и казна од 20.000 евра.

На поранешниот премиер на Никола Саркози (2007-2012) му се судеше за проневера на јавни средства од лице задолжено за јавни услуги, соучесништво и прикривање на истото дело, соучесништво и прикривање на злоупотреба на социјална сопственост и лажна изјава во Високиот орган за транспарентност.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 22:25