Тешко вооружени напаѓачи украдоа денеска околу 15 милиони долари од блендиран камион на чилеанскиот аеродром во Сантјаго, што е една од најголемите кражби во земјата.
Економистите од ООН предупредуваат дека избувнувањето на епидемијата на новиот коронавирус може да ја чини глобалната економија меѓу 1,0 трилиони и 2,0 трилиони долари оваа година и ги повикаа владите да ги зголемат трошоците за да ги ублажат ефектите од болеста.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 111.758 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 3.891 лице, а 62.679 оздравеле.
Неговата посета во НАТО ја објасни самиот Ердоган, велејќи дека дошол со барање за помош бидејќи „турската граница е граница на НАТО”.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека се залудни мерките за забавување на ширењето на новиот коронавирус, појаснувајќи дека на тој начин „се купува драгоцено време“.
Во Германија денеска се потврдени првите два смртни случаја од коронавирусот, објавија германските медиуми.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте оцени денеска дека Италија го прожувува својот намрачен момент, но изрази увереност дека доколку се почитуваат правилата земјата ќе ја надмине ситуацијата.
Околу 60 матични лекари во градот Косенца, на југот на Италија, се во карантин затоа што биле во контакт со продавач на фармацевтски производи, кој е заразен со новиот коронавирус.
Борел се надева дека ќе има договор со Турција за мигрантите. Според него, мигрантите не треба да мислат дека границите на Европа се отворени поради притисокот што се прави.
Прв случај на коронавирус е потврден меѓу вработените во Европската комисија, изјави денеска портпаролка на Комисијата, додавајќи дека жената која се вратила од Италија се наоѓа во карантин од минатата недела.