Тешко вооружени напаѓачи украдоа денеска околу 15 милиони долари од блендиран камион на чилеанскиот аеродром во Сантјаго, што е една од најголемите кражби во земјата.

Криминалната група пристигнала во товарната зона на аеродромот со две превозни средства, изјави полковникот на полицијата Оскар Фигероа.

– Откако влегле внатре му се заканиле на обезбедувањето, пред да ги земат парите, истакна Фигероа.

Во 2017 година од истиот аеродром се украдени 19 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 23:34