Во Чиле повторно избија судири меѓу демонстранти и полицијата, поради што се уапсени стотина луѓе и затворени се некои метро станици во главниот град Сантјаго.
Иран во последните три месеци повеќе од тројно ги зголеми резервите на збогатен ураниум и сега на залиха има над еден тој, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Мисијата на САД во ОБСЕ ги поддржува протестите во Русија изминатиот викенд на петтата годишнина од убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов, додека поради се поизразените репресии на власта во Москва, мисијата советува промени во надворешната политика кон Русија.
САД ќе и доделат хуманитарна помош на Сирија во висина од 108 милиони долари, изјави денеска портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.
Четирите кинески провинции Јунан, Гуангдонг, Шанси и Гуиџо вчера го намалија нивото на итни мерки воведени поради новиот коронавирус, соопштија денеска локалните здравствени власти.
Сирискиот претседател Башар ал Асад закажа парламентарни избори во земјата на 13 април, соопшти пресслужбата на сирискиот лидер.
За општинските избори во Франција, што ќе се одржат на 15 и 22 ма, поднесени се 20.765 листи со 902.465 кандидати.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека Владата ги замрзнала неговите банкарски сметки, како и сметките на неговата сопруга, двете деца и родителите.
Најмалку две лица загинаа додека околу 40 објекти се урнати во торнадо што го погоди Нешвил во Тенеси.
Сите лица што доаѓаат во Пекинг од Јужна Кореја, Јапонија, Иран и Италија ќе бидат ставени во карантин 14 дена, соопштија денеска кинеските власти.