Швајцарската Влада денеска забрани одржување на големи собири во земјата на кои можат да соберат над 1.000 луѓе, како мерка за да се спречи ширењето на новиот коронавирус
Тензиите во сирискиот регион Идлиб може да ескалираат во голем меѓународен конфликт, изјави денеска Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, додавајќи дека Унијата ќе ги разгледа сите неопходни мерки за заштита на своите безбедносни интереси
Еден од приоритетите на новата Влада предводенена од Јанез Јанша е повторното враќање на задолжителното служење на воениот рок во Словенија
Руските власти соопштија денеска дека крај сирискиот брег испраќаат два воени брода вооружени со крстосувачки ракети и ја обвинија Анкара за смртта на 33 турски војници во сирискиот регион Идлиб
Куче во Хонг Конг е заразено со новиот коронавирус. Кај кучето е регистрирано „ниско ниво“ на вирусот, соопштија властите
Девојка со пиштол го застрелала својот 10-годишен внук од сестра, додека го чувала. Инцидентот се случил кога таа сакала да направи самослик
Турските власти побараа денеска од светските сили да објават во Сирија зона забранета за летови во обид да се заштитат стотици илјади луѓе кои бегаат од конфликтот
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг свика вонреден состанок денеска со амбасадорите на државите на Алијансата
Турција бомбардираше позиции на режимот на Башар ал Асад како одговор на загинувањето на 33 турски војници во северозападниот дел на сириската провинција Идлиб, соопшти Кабинетот на турскиот претседател
Епидемијата на новиот коронавирус ќе го чини светскиот туризам најмалку 22 милијарди долари како резултат на падот на трошењето на кинеските туристи, објави Гардијан, пренесувајќи изводи од анализа на Светскиот совет за патувања и туризам