Советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан изјави дека не видел „никакви докази“ оти Русија работи на тоа да помогне во реизбор на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Гласот на Америка.
Австралија е под невидена закана од странска шпионажа и обиди за мешање во внатрешните работи на земјата, изјави денеска генералниот директор на Австралиската безбедносна разузнавачка организација (АСИО), Мајк Баргес.
Во пресрет на утрешниот Совет за општи работи на ЕУ европратениците од редовите на социјалдемократите испратија писмо до хрватското претседателство во кое изразуваат нетрпение со недоволниот напредок во процедурите на ЕУ за владеењето на правото во Унгарија и Полска.
Претседателката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер денеска изјави дека партијата на 25 април ќе го оддржи конгресот на кој ќе се избира новиот претседател и додаде дека тие кои сакаат да се кандидираат тоа треба да го сторат неделава.
Во Италија е регистриран шестиот смртен случај од коронавирус, а станува збор за жена која боледувала од канцер.
Иранската Влада вети дека ќе биде колку е можно потранспарентна околу прашањата поврзани со епидемијата од коронавирус, откако власта беше обвинета дека ја крие вистинската бројка на заразени и починати од Ковид-19
Европската Комисија, како и бројни други организации ширум светот, ги осудија маските кои претставуваат Евреи на карикатурален начин за време на годишниот карневал во градот Алост, во Белгија, викендов
Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ во говор пред Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева денеска го осуди гранатирањето на цивилните подрачја и аеродроми во неговата земја, нарекувајќи го воениот противник, генералот Калифа Хафтар, „воен злосторник“, јавија британските медиуми
Генералниот секретар ја Обединетите нации, Антонио Гутереш, го претстави глобалниот акциски план во врска со правата на човекот, истакнувајќи дека светските влади мораат човековите права да ги стават во центарот на своето работење доколку сакаат да обезбедат стабилност, раст и иднина за планетата, пренесе Хина
Бурата „Јулија“ предизвика проблеми во сообраќајот и остави илјадници чешки домаќинства без електрична енергија, јави ДПА